МАЛТА

Островската, густо населена Малта е навистина привлечна за туристите. Сместена во центарот на Медитеранот, под Сицилија, има одлична географска положба. Составена е од пет преубави острови – Малта, Дилдла, Гозо, Комино и Коминото. Најголем меѓу нив е островот Малта со површина од 245 км2. Главен град на оваа земја е приморскиот град Валета. Ѕидините што го опкружуваат градот се одлично зачувани и се на списокот на UNESCO за Светски градини. Најинтересни градби за посета во овој главен град се: катедралата Свети Јован, палатата Кастиља, палатата Големиот мајстор, Националниот музеј на фини уметности, итн. Малта нуди богат ноќен живот со голем број дискотеки особено во улицата во Сан Гулијан.
Всушност, Малта е една интересна островска земја, која ја посетуваат повеќе од милион туристи секоја година. Многумина доаѓаат поради преубавите плажи и чистото море. Сепак, најголемо влијание и придонес за оваа земја има културниот туризам. По бројот на културно-историски споменици Малта се наоѓа на прво место во светот. Односно на 400 илјади граѓани има дури 360 цркви, има црква за скоро секој ден од годината. Покрај спомениците и црквите, островот Малта, неговиот брег, и морето кое го заплискува, одлично го отсликуваат синилото на Медитеранот.