Местоположба на Малта
средината на Средоземно Море. Трите
најголеми и населени острови се: Малта, Гоцо и Комино, додека помалите како
Филфа, Коминото и др. се ненаселени. Иако Малта геофизички е дел на Северна
Африка (лежи на африканската континентална плоча, на југ од Сицилија, источно
од Тунис и северно од Либија) оваа земја геополитички се наоѓа во Јужна Европа.
Малтешкиот е единствениот семитски јазик од афроазиската група на јазици кој се
говори во една европска држава. Малта е членка на Комонвелтот, а од 1
мај 2004 г. членува и во Европската Унија. Како таква најмала по површина и
број на население во таа организација. Најголемиот
остров Малта има 245,7 km², долг е 27 km, а широк e 14,5 km.
Должината
на неговата крајбрежна линија изнесува 137 km. Брегот на островот е скалест.
Островот Комино има само 3 жители и зафаќа територија од 3.5 km². Токму на овој
мал остров се наоѓа едно од најубавите места на Малта – Сината Лагуна (Blue
lagoon). Вториот по големина остров Гозо има
површина од 67 km кв. и население од 31.446 жители. Островот е рурален и во
споредба со главниот остров Малта е помалку развиен. Kрајбрежјето
на островите Малта, Гозо и Комино главно е карпесто. Релјефот на островите е
брановидно ридест, со просечната височина од околу 50-100 метри. Највисоката
точка е врвот Та ‘Демрек, на 253 m надморска височина, на јужната страна на
островот Малта. Малтешките острови биле формирани од поистакнатите возвишенија
на копнениот мост што ја поврзувал Сицилија со Северна Африка.
Граници и население на Малта
Вкупната површина на земјата изнесува 316 км², и според тоа се наоѓа
на 184-то место по големина во светот. Според пописот, вкупното население
во Малта е oколу 465.000 жители. Густината на населеноста е 1.282 жит/км².
Клима во Малта
Климата во Малта е средоземномна. Малта е расположена на
трите најголеми и населени острови се: Малта, Гоцо и Комино, додека помалите како
Филфа, Коминото и др. се ненаселени. Островот се наоѓа на околу 90 километри
јужно од Сицилија и на 250
километри од Северна Африка.
Најголемиот остров Малта има 245,7 км², долг е 27 км а широк 14,5 км. Должината
на неговата крајбрежна линија изнесува 137 километри. Брегот на островот е скалест. Малта нема
езера ниту реки, но сепак 50% од нејзината почва е обработлива. Слатка вода на
островот се добива со преработка на солената морска вода. Климата во Малта е
медитеранска и како таква има благи, дождливи зими и топли до жешки, суви лета.
Валета има просечна јануарска температура од 9˚C, а просечна јулска од 30˚C.
Ако сте во Малта во текот на летните месеци, нема потреба од чадор. Просечните
врнежи од дожд во јули се само 1 mm, што значи речиси не се случува да заврне
во овој месец, а слично е и во август. Затоа пак, во октомври островите се
преплавени со дожд, со околу 120 mm врнежи. Релативната влажност ретко паѓа под
40 проценти. И ветровите можат да бидат силни и чести. Малта нема езера ниту
реки, но сепак 50% од нејзината почва е обработлива. Постојат неколку извори и
бунари кои обезбедуваат ограничена свежа вода во текот на годината, како што е
долината Лунџата во Гозо. Привремени мали реки се појавуваат по поројни дождови.
Поради малиот број на извори и бунари, за снабдување со питка вода на бројното
население, се користат специјални десалинизатори на морската вода.