Административна поделба



Административна поделба

Малта е поделена на 68 општини, наречени „месни совети“ (kunsilli lokali). Општините се единствената административна единица во земјата. Шесте окрузи и трите региони служат само за статистички цели.

Градови во Малта

Број
Име на градот
Историско име на градот
Површина
км²
Население
1
Биргу
Città Vittoriosa
0,5
2,633
2
Бормла
Città Cospicua
0,9
5,605
3
Валета
Citta Umillisima
0.8
6.266
4
Викторија
Città Victoria
2.9
6.306
5
Забар
Città Hompesch
5.3
14.956
6
Зебуџ
Città Rohan
8.7
11.485
7
Зејтун
Città Beland
7.4
11.360
8
Корми
Città Pintò
5.0
16.688
9
Мдина
Città Notabile
0.9
236
10
Сенглеја
Città Invicta
0.2
8.003
11
Сиџиви
Città Ferdinand
19.9
8.053




Главен град на Малта


Главен град на оваа држава е Валета, а најголем град е Биркиркара со население од 26.000 жители. Заради густината на населеност, бројните меѓусебно поврзани градчиња, целата држава, а особено островот Малта го сметаат за единствен град. Главниот град Валета  во државата е со oколу 6.300 жители. Валета (малт. Valletta) е главниот град на Малта, кој се наоѓа во најголемиот остров на истоимената држава.
Подрачјето на Валета било населено уште во времето на праисторијата и било активно во стариот и среден век, но немало поголемо значење се до 16 век. Камен-темелникот на градот Валета го поставил поранешниот Голем мајстор, Свети Јован, Жан де ла Валет 28 март 1566 година. Официјалното име кое е дадено на градот било Humillima Civitas Valletta, т.е. град посветен на пониженоста, меѓутоа, поради своите бистиони и тврдини, заедно со убавината на барокните згради долж тесните улици, Валета станал познат и како Superbissima - „Величенствена“ помеѓу владејачките куќи на Европа.
Валета е сместена на северната страна на островот Малта. Градот е стратегиски поставен во една поголемо природно пристаниште на островот Малта, кој има тешко пристапни брегови. Самиот град е во ѕидини на малиот полуостров Шеберас, кои го опкружуваат две природни пристаништа. Тлото на кое е изграден е прилично покретно, но и покрај тоа тука е ортогонална улична мрежа. Валета, како и цела Малта, има средоземна клима со многу топли и суви лета и благи и дождливи зими. Средната годишна температура е 21°С. Валета и изразено приморски град, на полуостров со три страни опкружен со вода, кој го опкружуваат две природни пристаништа, Марсамшет и Големото пристаниште.

Градот е најголемо пристаниште на Малта. Градот има неколку згради со извонредна историска важност, денес се на листата на УНЕСКО на светска градина. Најзначајни згради се:
Þ    Палата Кастиљ (денес зграда на претседателот на владата),
Þ    Градби кои витезите ги направиле за да го заштитат градот од напади,
Катедрала Свети Јован
Þ    Палата на Големиот мајстор (денес седиште на малтешкиот парламент)
Þ    Национален музеј на убава уметност.
Þ    Катедралата на Свети Јован, поранешена манастирска црква на Малтешките витези.